Серијата „Сенките на Балканот“ предизвика вистински бум на социјалните мрежи

Приказната беше инспирирана од настаните меѓу две војни, различни измами и малверзации, како и животот на луѓето во тоа време.Синоќа на првата програма на Радио Телевизија Србија беше емитувана првата епизода од долгоочекуваната серија на Драган Бјелогрлиќ, под името „Сенките над Балканот“.Снимана е од октомври 2016 година до јуни 2017. Целиот серијал е поделен во три сезони.

Првата сезона го покрива периодот непосредно пред убиството на Степан Радиќ во Народното собрание СХС и воведувањето на диктатура. Втората сезона го обработува периодот пред убиството на кралот Александар Караџорџевиќ во Марсеј, додета третата сезона е сместена пред почетокот на Втората светска војна и распадот на Југославија.

Scroll to Top