Северина: „Пеев лошо на почетокот“

Хрватската пејачка Северина во ено телевизиско интервју раскажала неколку детали за почетокот на својата кариера. Таа на 16-годишна возраст била пратечки вокал на бендот „Тути- Фрути“.

„Бев прилично лош пратечки вокал, имав само 16 години, а на концертот се соживеав со атмосферата и не сфатив дека кабелот на микррофонот е многу кус. Во еден момент паднав од бината и се најдов помеѓу каблите. Сепак се качив назад и продолжив да си пеам“, открила таа.

Scroll to Top