Северина сака бебе

Хрватската пејачка Северина призна дека во 2018 година би сакала да роди уште едно дете. Во интервју за хрватското издание на магазинот „Стори“ таа зборувала за празничните традиции во нејзинот дом, се присетила на божикните и новогодишните празници кога била дете, но ја открила и најголемата желба за следната година.

„Би сакала да родам уште едно дете и да го прошириме семејството. Ова е желба и на Игор“, рекла Северина во интервјуто.

Scroll to Top