Што знаеш ти, си го освоил само Вимблдон

Хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ во интервју признал дека мачи мака со својот син Емануел, кој и самиот игра тенис.

„Емануел е полуд од мене, фрла рекети, се лути, мислам дека моето лудило го крена на сосема ново ниво. Искрено, се прашував може ли некој да биде како мене и се чини дека може да биде дури и полош“, рекол низ смеа тенисерот.

Тој изјавил дека дури сега кога не може да го научи синот на некои работи, сфатил какви проблеми му правел тој на својот татко.

„Сега е во фаза кога ако го победам – се лути, ама и ако ме победи – се лути. Но, многу е добар, се развива одлично и се надевам дека ќе биде врвен тенисер. Знам и дека јас не сакам да бидам негов тренер, не сакам да се мешам“, додал Иванишевиќ.

Хрватот додал и дека Емануел се однесува како момче што полека влегува во пубертет.

„Ми вели :‘А што знаеш ти за тенисот. Немој да ми кажуваш што си направил во кариерата. Не можеш ни Сампрас да го победиш, а само еднаш си го освоил Вимблдон’. Знае да ме почести со интересни муабети, ама, најверојатно, тоа е убавината на татковството“, рекол тој.

Scroll to Top