Синан Сакиќ пуштен од болница

Српскиот пејач Синан Сакиќ е пуштен од болница. Тој им се заблагодари на сите кои беа загрижени за неговото здравје додека беше во тешка здравствена состојба во болница.

„Господ ме пушти на годишен одмор. Благодарам на сите кои се грижевте. Немам зборови. Фанови, луѓе кои доаѓаа од поранешна Југославија, Европа за мене и даваа крв. Толку сум ви благодарен“, рекол Сакиќ.

Тој ја напушти болницата и сега е дома со семејството, каде го продолжува третманот, но се чувствува подобро.

„Самиот третман има за цел да се избегне трансплантација на црниот дроб“, рекле неговите доктори.

 

Scroll to Top