Синот на Брена ќе отвора кафеана

Синот на Лепа Брена, Стефан Живоиновиќ, сака да почне да се занимава со угостителство.

„Сакам да започнам приватен бизнис. Редовно одам во ресторанот кај мојот брат Филип. Планирам да почнам бизнис, поточно да му се придружам. Но, тоа бара многу време бидејќи планираме да го шириме бизнисот“, рекол најстариот син на Брена.

Стефан неодамна ја сними својата втора песна, што предизвика позитивни реакции кај публиката. И покрај тоа, синот на Брена не сака музиката да му биде единствената професија во животот.

Scroll to Top