Синот на Огнен Амиџиќ наполни 4 години

Синот на шоуменот Огнен Амиџиќ и моделот Данијела Димитровска, Матија, наполни 4 години. Тоа беше причината српската манекенка со македонско потекло, која ретко зборува за приватниот живот, да си ја отвори душата.

„Мојот живот, мое добро утро и лека ноќ! Мојот најголем успех, гордост, шмекер, џентлмен, шармер. Господин дете, мистер Мет. Единствената личност што слушна како навистина чука моето срце. Мојата безусловна љубов. Мојот клон (баш ми е гајле што мислат другите), личноста што ме направи подобра, позрела, посилна и поиздржлива денеска полни 4 години. Сине мој, среќен роденден“, напиша таа под фотографијата.

Scroll to Top