Славко Калезиќ доби бакнежи од Никол Шерцингер

Славко Калезиќ, минатогодишниот евровизиски претставник на Црна Гора, станува популарен и во Британија. Црногорецот настапува на британскиот „Х-фактор“ и со вртењето со огромната плетенка ги освои симпатиите на жирито. Сајмон Кауел по неговиот настап рече дека тоа му е, најверојатно, единствениот талент бидејќи пеењето не му е силна страна.

Славко го помина вториот круг кога ја испеа Where Have You Been од Ријана. Пред крајот на настапот му се откачи плетенката, која е негов заштитен знак, по што сите дознаа дека тоа не е негова коса. Никол Шерцингер, една од членките на жирито, го повика Славко, па го гушна и го бакна во знак на поддршка.

Славко успеа да влезе во претпоследната селекција на пејачите пред да започне натпреварувачкиот дел на шоуто.

Scroll to Top