Српско име за синот на Ана Ивановиќ

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, се пресреќни кога дознаа дека таа носи момче. Таа рекла дека сака да му даде српско име.

„Кога дознаа дека ќе добијат син, веднаш почнаа да размисуваат за имиња. Многу имиња беа во опција, но Ана изрази желба името да биде српско. Швајни ја поддржа и сега се двоумат меѓу неколку имиња“, вели извор близок на Ана.

Инаку, тие се венчаа во Венеција во јуни 2016 година.

Scroll to Top