Тарик Филиповиќ ја обвини домашната помошничка за кражба

Популарниот актер и ТВ-водител, Тарик Филиповиќ, во текот на вчерашниот ден во својство на обвинител се појави во судот во Загреб. Тој и неговата сопруга Лејла во 2013 година повеле тужба против тогашната помошничка Аница Јуриј обвинувајќи ја дека им украла накит и пари од домот во вредност од 13.500 евра.

На судењето прв дал исказ Тарик, кој рекол:

„Кај нас дојде да работи по препорака на пријатели и беше вредна. Сѐ беше во ред до мојот роденден во 2013 година кога забележавме дека го нема прстенот со брилијант вреден 5.000 евра. Бргу потоа сфативме дека не можеме да ги најдеме ни петнаесетте златни дукати, бурмите, алки на Лејла и синџирчиња“.

Тарик додал дека целиот накит им бил подарок и дека повеќе има сентиментална вредност.

По него, исказ дала и неговата некогашна помошничка:

„Немам коментар. Можам само да кажам дека Тарик е одличен актер.“

По оваа нејзина изјава, судењето е одложено за крајот на ноември.

Scroll to Top