Терапијата делува, Оливер е подобро

Хрватската музичка ѕвезда Оливер Драјојевиќ, ако добие дозвола од лекарите, ќе одржи два концерта, еден подруг во Сплит. Првиот е на 15 декември во Сплит, кој целосно е распродаден, а вториот е за болните деца од една клиника.

„Оливер смета дека ќе може да  го одработи и вториот концерт. Немам тука ништо дрвено да чукнам. Добро е Оливер. Добро ја поднесува терапијата, а таа делува, кажа менаџерот на пејачот, Ненад Дробњак. Првиот концерт на 69 годишниот Оливер Драгојевиќ во Спаладиум Арената е распродаден во рекорден рок од осум часа.

Поради големиот интерес од неговите обожаватели, организаторите и пејачот размислуваат за тоа да направат уште еден концерт ден подоцна. Одлуката ќе биде донесена најдоцна во среда.

-Се зависи од одговорот на лекарите на Оливер. Му посакуваме добро и ги почитуваме неговите желби. Мислам дека има и друг концерт. Мојата препорака до сите заинтересирани е да не се купуваат карти од препродавачи, вели Дробњак.

Освен концертот во Сплит, Оливер сака да настапи и загребската сала Лисински на 22 декември. Тогаш ќе свири за децата од Клаичевата болница.

Тој концерт е договорен уште пред летото, исто како и оној во Спаладиум Арената.

-Се случи болеста, па застанавме, вели Дробњак.

На првиот концерт на Оливер потврдено е дека ќе настапат неколку познати хрватски ѕвезди и групи, како Џибони, Теди Спалато, Стјепан Хаузер.

Scroll to Top