Тони Цетински: Скршен сум, не знам како да застанам на сцена

Хрватскиот пејач Тони Цетински, кој минатиот викенд удри со автомобилот во маж што лежел на улица, сè уште не излегува пред камерите. Но, за хрватската телевизија РТЛ раскажал како се чувствува по несреќата. Цетински вели дека шест дена не спие нормално и долго размислувал за тоа дали да дојде на погреб кај починатиот 62-годишник Брацо.

„Размислував да појдам, но не собрав сила. Не можам. Скршен сум. Не сум ни во Ровињ ни во Истра и не сум добро. Не сакам на никој да му се случи ова што ми се случи мене, дури ни на оние што инсинуираат грозни работи“, вели Цетински.

Вели дека е верник и дека тој ден не претчувствувал дека ќе се случи нешто лошо.

„Очигледно тоа бил судбински момент токму јас да поминам од тука. Целиот живот сум во страв од тие автомобили затоа што тоа е нешто што човекот само мисли дека го контролира“, вели Тони.

Иако беше објавено дека на 11 ноември ќе се појави на концерт во Цирих, тој го откажа.

„Не знам како повторно да застанам на сцена. Нема друго. Мора да се обидам и да одам понатаму, морам да живеам, мора да се занимавам со оваа работа“, откри Цетински.

 

Scroll to Top