Тортата за свадбата на Цеца и Аркан била на пет ката и тешка 70 килограми

Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, за нивната свадба која се одржа на 19 февруари 1995 година, порачале торта од пет ката, која била тешка 70 килограми.

Некогаш свадбата на фолк пејачката и поранешниот српски генерал, важел за настан на деценијата. Истиот предизвикал големо внимание како кај домашните, така и кај светските медиуми, но никој не знаел што Аркан морал да направи за да се венча со Цеца.

Имено балканската дива се омажила за Аркан на 19 февруари 1995 година. Пред самата венчавка Аркан за да го склопи бракот со Цеца, морал да добие благослов од Црквата, затоа што од својата избраничка бил постар дури 21 година, а и претходно повеќе пати бил женет. Свадбата ја следеле двете најголеми медиумски куќи во Велика Британија и Америка, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен.

Вкупната цена за свадбата, според пишувањата на медиумите изнесувала околу 100.000 марки. Тоа го платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.

 

 

Scroll to Top