Трагедија во семејството на Жељко Јоксимовиќ

Ќерката на популарниот пејач од првиот брак, Мина Јоксимовиќ со фановите сподели една тажна вест.

Имено, Мина објави дека Јован Пуцаревиќ (47), кој починал при пад од висина од 500 метри во Лисичји јарак е нејзин вујко.

 Мојот вујко Јован Пуцаревиќ почина. Искрено сочуство за семејството Пуцаревиќ. Голема трагедија – напиша на Фејсбук ќерката на Жељко од првиот брак.

Во неделата околу 13 часот на Пуцаревиќ при скок на аеродромот во Лисичји јарак му се заплеткале јажињата од главниот и помошниот падобран кои по грешка се отворени во исто време, по што паднал од висина од 500 метри. Јован по падот е донесен во тешка состојба во болницата во Земун, каде и покрај напорот на лекарите, ја загубил битката со животот.

Scroll to Top