Цетински ни сочувство не ми изрази за мојот татко

Пејачот Тони Цетински (48) во петокот во попладневните часови во Пустата улица во Ровињ со автомобил го прегази Ибрахим Кевљанин (62). Се огласи и синот на Ибрахим, Адис, кој веќе 17 години живее во Австрија.

-Ми рекоа дека Тони го удрил Ибрахим додека стоел на патот, не лежел, како што некои поединци тврдат. Цетински во Ровињ го знаат по брзото возење, а на Јутјуб постои снимка на која тој вози брзо токму по истата улица на која го уби татко ми. И јас сум возел по улицата, знам дека таму секогаш мора да бидам внимателен бидејќи таму постојано некој поминува – рекол синот Адис.

Додал дека Тони  не го ни повикал по несреќата, а тоа не го направиле ниту неговите адвокати.

-Да е човек, би го свртел мојот број, би изразил сочувство. Не се удостои ни да се јави, тврди огорчениот Кевљанин, кој пред осум години го оперирал срцето и на ден пие по 14 таблети. По семејната трагедија, состојбата му се влошила.

Scroll to Top