Цетински проговори за несреќата во која прегази човек

Хрватскиот музичар Тони Цетински минатиот ноември со својот автомобил го прегази Ибрахим Кевлјанин во Ровињ. Цетински изјавил дека возел „осум на час“, а дека не го видел човекот кој бил паднат на улицата.

„Службено не добив наод од обдукцијата, но свесен сум и знам добро што се случи. Очекувам дека тоа ќе биде како што треба, дека ќе се види правдата. Бог ми е сведок затоа што полицијата не поднесе никаков прекршок против мене“, рекол Цетински во интервју за „Ин Магазин“.

Тој додава дека возел многу бавно и дека бил потполно трезен, но дека „злобните јзици“ не сакаат да му веруваат.

„Одев осум километри на час, за жал на моите душмани и непријатели. Веќе долго години живеам уреден живот. Не бев ниту дрогиран ниту пијан. Човекот дефинитивно лежел на улицата. Најдобро е да се почека тоа да биде службено и тогаш да можам да кажам дека душата ми е на место“. рекол Цетински.

Цетински вели дека по несреќата дознал кои му се вистинските пријатели. Најголема поддршка му е сопругата Дубравка.

Ибрахим е погребан на гробиштата во Ровињ. Цетински не бил на погребот, иако долго размислувал дали да оди.

„Не можев да соберам сили. Не можам. Скршен сум. Воопшто не сум бил во Ровињ ниту во Истра. Не сакам на кој било да му се случи тоа што ми се случи мене, па дури ни на оние кои се осмелуваат да инсинуираат грозни работи“, рекол Цетински.

Scroll to Top