Цеца: И денес плачам кога ќе го слушнам гласот на Тоше

Десет години по смртта на Тоше, и Цеца проговори за пријателството со пејачот. Во интервју за српскиот весник „Курир“ таа изјавила:

„Тоше е присутен во сите нас благодарение на неговата музика. И денес плачам кога ќе го слушнам неговиот глас. Тоше беше прекрасно момче, посебен човек, голем хуманист. Кога слушнав за трагедијата, бев шокирана буквално“.

Цеца беше една од многуте музичари што дојдоа на погребот на Тоше, а при секоја посета на Македонија, кога е во близина на Крушево, таа го посетува неговиот гроб.

Scroll to Top