Цеца ја тужи Карлеуша

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна поднесе тужба против Јелена Карлеуша. Во тужбата стои дека Карлеуша изнела скандалозни навреди против Цеца тврдејќи дека токму Ражнатовиќ го нарачала убиството на Зоран Давидовиќ.

Првото судско рочиште се одржа вчера во Основниот суд 1 во Белград. Цеца се појави на судењето, но не и Јелена, иако уредно ја примила поканата.

„Сега сè е во рацете на судот. Морав да реагирам на нејзините лаги, навреди и клевети. Јас ваквите работи ги решавам на суд, не преку медиумите. Тоа е единствениот начин да го заштитам сопствениот интегритет. Единствено ми е криво што казните се мали. Ако некој треба да издвои илјадници евра за навреди, тогаш верувам дека луѓето ќе размислат пред да уништат нечиј живот“, изјави Цеца по излегувањето од судот.

Изминативе години Цеца неколкупати ја тужела Јелена и секојпат ја добивала тужбата. Парите добиени од секоја пресуда ги дала во добротворни цели.

Scroll to Top