Цеца објави фотографија со својата сестра на „Инстаграм“

Пејачката Светлана (Цеца) Ражнатовиќ објави фотографија на која е со својата сестра Лидија Оцоколиќ.

Сестра ѝ ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, а сега фолк-пејачката објави на „Инстаграм“ нивна заедничка фотографија на која се и двете насмеани и среќни.

Лидија отсекогаш била личност на која Цеца можела да се потпре.

И нејзините деца Вељко и Анастасија не кријат колку ја сакаат и почитуваат тетка им, која била со нив додека растеле. Вељко дури и на градите го има истетовирано нејзиното име.

 

 

Scroll to Top