Цеца откри зошто се одлучила да ги намали градите

Цеца Ражнатовиќ пред две недели беше оперирана во строга тајност на една клиника во Белград, на која ги намали градите.

Причината поради која се одлучила на ваков чекор нема никаква врска со здравствената состојба, туку од исклучиво естетстки причини.

„Едноставно дојде време за промена. Сакав поинаква естетика, промена на визуелниот идентитет и нешто што е во согласност со трендовите, а искрено говорејќи, и со мојата животна доба. Интервенцијата не беше комплицирана, многу брзо се опоравив.

Тоа што е најважно е дека се чувствувам сјајно баш онака како што сакав да изгледам“, вели Цеца.

Цеца во 2012 година за прв пат ги намали градите, но тогаш поради здравствени проблеми.

„Вистината е дека имав операционен зафат на градите. Тоа пред се морав да го направам од здравствени причини. Операцијата ја искористив и да ги намалам градите, а но пред се ми беше важно да се ослободам од здравствените проблеми“, изјави тогаш Цеца.

Видете како изгледа Цеца со намалени гради:

Scroll to Top