Цеца: „По Аркан имав љубовници“

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за својот љубовен живот, но во една скорешна изјава за српските медиуми таа решила да проговори за тоа што ѝ се случува на емотивен план.

„Не сакам за нешто така интимно да се зборува и пишува. Доволно е што сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го органиизирала така како што ми годи“, рекла Цеца. „Се омажив со преголема љубов и од неа се родија две деца. Не велам дека од трагичниот прекин на бракот, цело време сум сама. Имало врски и врскички со некои луѓе, но не сум размислувала за тоа некоја од нив да заврши со брак.“

 

Scroll to Top