Цеца признала дека го разочарала татко си

Деновиве на интернет се појави стара фотографија од фолк-ѕвездата Цеца со нејзиниот татко Слободан, по што медиумите во Србија повторно почнаа да пишуваат за големата поддршка што Цеца и нејзината сестра Лидија ја добиваат од родителите. Но, тие се навратија и на едно старо интервју на пејачката во кое признала дека го разочарала својот татко затоа што не завршила факултет.

„Сакав да студирам психологија. Бев на пат кон тоа и бев одлична ученичка и никогаш немав проблеми со училиштето. Верувале или не, целиот мој успех и огромна кариера никогаш не беа доволни за моите родители. Никогаш не можеа да ми простат затоа што не продолжив да се образовам и што не завршив факултет“, рекла Цеца во едно интервју.

Scroll to Top