Цеца запеа на роденденот на Мирослав Илиќ

Фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ викендов беше гостинка на концертот на Мирослав Илиќ, кој одбележуваше 45 години музичка кариера, а воедно го прослави и 67. роденден. Цеца седеше во првите редови во преполниот „Сава центар“.

Во еден момент Мирослав слезе кај неа, а таа го зеде микрофонот, му го честиташе роденденот и му запеа роденденска песна заедно со присутните во салата. Но, Мирослав реши да ја изненади неа, па ја испеа „Београд“, една од нејзините најпопуларно песни.

Scroll to Top