Весна Змијанац пеела по светот, додека поранешниот сопруг ја растел нивната ќерка 

Српската пејачка  Весна Змијанац открила дека љубовата на нејзиниот живот  бил Владо Јовановиќ, таткото на нејзината ќерка Николија. Тој не се појавува во медиумите и не го сака шоу бизнисот. Весна открива дека Владо бил задолжен да ја одгледа нивната единствена ќерка  додека таа настапувала ширум светот.

„Тој ќе биде мој доживотен пријател. Се разведовме од други причини. Тогаш немав време за ништо. Само турнеи, концерти, од еден на друг контитентнт. Тој ја израсна Николија, без него ништо не би можела. Владо и денеска ни помага многу. Колку сум јас на Николија мајка, толку е и тој татко, а на Реи дедо. Само проблемот е  тоа што тој не е јавна личност, па поради тоа на народот им изгледа поинаку“, изјавила фолк ѕвездата.

Scroll to Top