(ВИДЕО) Александра одговори на критиките дека е ароганта

Најуспешната млада пејачка во Србија, без влакна на јазикот ги прокоментира приказните, дека е „арогантна“, затоа што лежалките за неа и Филип во Црна Гора ги плаќала 120 евра.

Кога ќе станеш важен на естрадното небо, и кога јавноста ќе почне масовно да се интереисра за тебе, неминовно е да се најдеш на мета и кога има причина и повод, но и тогаш кога нема.

Тоа пред неколку дена и се случи на Александра Пријовиќ, која жестоко ја критикуваа затоа што во Црна Гора, на луксузната плажа, на Свети Стефан, за себе и Филип, неколку лежалки ги платила дури 120 евра. Но, иако можеби некогаш и се правдала поради тоа, Александра сега многу свесно и оштро одговори на критиките, и тоа со целосно право.

„Јас нема да го демантирам тоа што сите го знаат, цената. Јас цела година работам, и работам, и работам… И мислам дека имам право да ги потрошам парите на она што го сакам. А, сега не би се правдала, нема потреба. Дај боже да можат многу да си дозволат, сите кои работат, и треба да си дозволат на себе си, да уживаат како што ние уживавме. Многу е убаво на таа плажа. Како што и реков, работам, работам, и работам, и чекам да дојде лето и кога ќе дојде тогаш не жалам за ништо!“, искрена беше Александра.

Тоа што може да се пофали е неверојатниот концерт во Мионици, пред дури 12.000 луѓе, кои неколку часа на глас ги пееја сите песни.

„Таму беше незаборавно! Можам да кажам дека досега ова беше мојот најголем концерт, не знам точно колку илјади имаше. Беше многу весело и пееја со мене, ги пееја сите мои песни, што е мојот најголем успех“, со насмевка изјави Пријовиќ.

Со оглед на тоа дека нејзините колешки денеска ретко практикуваат да снимаат албуми, затоа што се скапи, а особено бегаат од снимањето на спотови за секоја песна, новинарите ги интересираше колку Александра вложи во целиот проект. Иако не сакаше да зборува за конкретната цифра, не крие дека многу вложила, но не крие ни дека поради се, сега е пресреќна.

„Поради тоа што пред албумот, снимив неколку песни, мислев дека сега е вистинското време да го снимам целиот албум, и да покажам дека тоа е вистинскиот чекор. Јас многу се потрудив, вложив многу труд и време, и пари… Луѓето се препознаа во тоа и ете, каде и да отидам, навистина има многу луѓе, ги пејат моите песни, што значи дека сум ја направила вистинската работа“, искрена беше Александра.

Погледнете го комплетното интервју, кое Александра го направи пред неверојатниот настап на сплавот „Ривер“, каде неколку десетина луѓе се вратија поради недостиг на место.

Видеото можете да го проследите на следниот линк:

Scroll to Top