(Видео) Анастасија Ражнатовиќ танцува на „Лимон и текила“

Ќерката на Цеца, Анастасија, на својот инстаграм-профил објави видео на кое игра на песната „Текила и лимон“ од Елена Ристеска. Таа во играњето ја потпевнува песната што наиде на голема критика и потсмев кај нас бидејќи публиката ја окарактеризира како „турбо-фолк“.

За оваа песна Елена во интервју за „Репортер“ изјави дека е направена по нарачка на руски продуцент, дека има верзија снимена со Емина Јаховиќ и дека има снимено и шпанска верзија.

Scroll to Top