(ВИДЕО) Емина Јаховиќ во жешко издание на сите им порача дека „е против“

Пејачката во новиот спот за песната „Против сите“, ги помести границите и најави светски звук на новиот албум.

Таа денеска го објави спото за новата песна со симболичен наслов „Против сите“, снимен на луксузна дестинација во Будва.

Интересно е дека текстот го напиша самата Емина, додека музиката ја работела заедно со прочуениот продуцент Дарко Димитров. Според модерник звук, се зборува за пропадната врска и нема сомнение дека ова ќе биде нов женски, но и вистински летен хит.

 

Ова воедно е најава за новиот албум на Емина, а на него ќе се најде и дуетската песна „Лимунада“, со Милица Тодоровиќ.

Емина во овој високобуџетен спот во режија на „IDJ Videos“, се појавува во повеќе провокативни издание, а како што и ја навикна својата публика, секогаш се подготвува за некое ново изненадување.

Погледнете го нејзиниот нов спот:

 

Scroll to Top