(ВИДЕО) Хрватите паднаа на штосот на Ѓорѓе Балашевиќ, зајачиња за публиката  

Српскиот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на концертот во Загреб, Хрватска,  ја изненади публиката за време на настапот кога од нигде-никаде почна да фрла со кадифени зајачиња по неговите  фанови. За ова му помогна и музичката екипа од сцената, на воодушевување на публиката, која гестот  го поздрави со бурен аплауз.

Балашевиќ пред полната Арена ја запеа култната „Неки нови клинци“. Потоа рече: „Е сега е доста! 20 години вие мене ме гаѓате со зајачиња, е сега ќе ми платите за сè“, рече легендарниот пејач, пред да излезат луѓе од зад сцената, со полни корпи дадифени зајачиња и да почнат да ја гаѓаат публиката.

Scroll to Top