(ВИДЕО) Излезе првата видеонајава од филмот на Омер и Дефне

На 10 ноември во Турција ќе се прикажува премиерата на филмот „Те молам, не оди“, со турската актерска двојка Бариш Ардуч и Елцин Сангу. Актерите на социјалните мрежи веќе ја ставија и првата видеонајава за филмот, од која се гледа дека станува збор за романтична приказна. Во новиот филм Бариш ја игра улогата на богатиот Маерт, а Елцин, пак, е Ада, која се занимава со вајарство.

Актерите по успехот во серијата „Изнајмена љубов“, на радост на фановите повторно играат заедно. Бариш и за медиумите изјавил дека, иако му било понудено да ја избере партнерката во филмот, без двоумење се одлучил за Елцин.

https://www.instagram.com/p/BZ5lF56A0wU/?taken-by=elciinsanguu85

Scroll to Top