ВИДЕО: Лепа Брена во Охрид ја отпеа „Јовано, Јованке“ и „Битола мој роден крај“

Во обид да и се додворува на македонската публика, пејачката која е сопственик на најголемата српска продукција „Гранд“ и вработува армија луѓе, Лепа Брена на Изворите на Свети Наум ги отпеа во живо популарните македонски песни „Битола Мој роден крај“ и „Јовано, Јованке“, а тој момент беше снимен и прикажан во живо на Фејсбук.

Вечерва (29-ти јули) на плажата на Градиште, 56-годишната Фахрета Јахиќ Живојиновиќ – Лепа Брена ќе одржи и свој концерт. На сцената Брена ќе ги отпее сите свои големи хитови од неколку децениската кариера, со посебен акцент на поновите песни.

Организаторите велат дека немала посебни барања, а во продолжение погледнете го видеото на Стојан Стојановски.

Scroll to Top