(ВИДЕО) Милица Павловиќ ќе ви го заврти умот како никогаш претходно со новиот спот

Пејачката конечно објави спот за новата песна „Опериран од љубов“, кој за многумина е големо изненадување и вистински летен хит.

Како што најави, Милица Павловиќ ја израдува публиката со сјаен високобуџетен спот за новиот сингл „Опериран од љубов“, кој го промовираше синоќа во еден белградски хотел.

Фановите со нетрпение чекаа да спотот ја види светлината на денот, а Милица во него блесна како и секогаш во секси издание.

Песната, според мислење на многумина, е вистинско изненадување, бидејќи малку се разликува од вообичаениот жанр на пејачката.

Спотот е сниман на Петровардина, музиката и аранжманот ги работеше прочуениот грчки композитор Фивос, кој за потребите на снимањето престојуваше во Белград, додека текстот го напиша Марина Туцаковиќ.

Да се потсетиме, Милица овој спот го подари на публиката во знак на благодарност за тоа што нејзиниот последен албум брои повеќе од 200 милиони прегледи на Јутјуб, а за него издвои околу 50.000 евра.

Погледнете и конечно како изгледа овој проект на коој таа е многу горда:

Scroll to Top