(ВИДЕО) Поранешната љубовница на Мирослав Илиќ објави интимна фотка со пејачот

Иако Мирослав две децении не сака ни да го види ни признае синот, поранешната љубовница на српскиот пејач не се откажува од вистината.

Со години наназад, се знае дека Мирослав Илиќ има вонбрачен син, кој го доби кога бил во врска со Мирјана Антновиќ која со нивниот син Девин, веќе долго време живее во Америка.

Така, познат е и фактот дека Мира и Девин се борат со докажување на татковството преку ДНК, на кој српскиот пејач со месеци наназад одбива да се согласи.

 

Мирјана речиси секојдневно на својот Фејсбук профил комуницира со луѓето, објавува новости во споменатиот судски процес, и разменува информации со жените и децата кои се во слична ситуација како таа и Девин.

 

Но, Мирјана ја збесна еден виртуелен пријател, поради што Мирјана во желбата да по кој знае кој пат приложи докази за врската со Мирослав, тој објавил нивна заедничка фотографија.

„Јас молчев 22 години се додека нашиот син не дозна преку медиумите кој му е татко. Тој одлучил да се бори за своите права затоа што сега принципот е во прашање. Немојте да заборавите кога Мирослав и јас бевме заедно, тогаш немаше интернет, а тој сепак беше на почетокот на својата кариера. Мене тоа ништо не ми значеше тогаш, како што не ми значи ни сега. Јас тогаш бев и позната и поимуна од него. Мирослав и јас отворено живеевме заедно речиси три години. Поради тоа што целата естрада тоа го знаеше, тој не се ни обиде тоа да го негира.

Бидете сигурни, Девин ќе ги оствари своите права, без разлика дали Мирислав ќе се согласи на ДНК тест или не. На Девин ова му е најмалку потребно, поради тоа што во тек е остварување на својата кариера, но на многумина им вети дека ќе ја издржи оваа целокупна тортура, со намера да ја разбуди народната свест во врска со овој застарен закон, и во име на многу оставени деца кои го немаат кренато гласот“, напиша Мирјана.

Еве ја и фотката која ја објавила:

 

На следниот линк погледнете го и ексклузивното интервју со Миро Антоновиќ за српски Телеграф, во текот на последната посета во Белград. Видеото погледнете го на следниот линк:

Scroll to Top