(ВИДЕО) Се сеќавате ли на групата „Colonia“? – Откако Индира ја напушти, за прв пат пробаа нова песна со Ивана

Познатиот состав од Винковац, излезе со нов спот за песната „Que sera”, а имавме можност и да видиме како се снајде новата пејачка во овој бенд Ивана Ловриќ.Веста дека Индира Левак ја напушти групата „Колонија“, ги шокираше повеќето обожаватели од овој состав. Овој бенд набрзо ангажираше нова пејачка, 25 годишната Ивана Ловриќ. Основачот на групата „Колонија“, Борис Џурџевиќ изјави дека нејзинодо доѓање е полн погодок.Во моментот кога Индира ја напушти групата, добив десетина понуди од пејачката, менаџерот, пријателите, но постојано во главата ми се вртеше идејата дека Ивана всушност е одличен избор. Ја повикав на пробно снимање, и тоа беше доволно за мојата одлука“, изјави Џурџевиќ за Индекс.хр.

Групата „Колонија“ ги направи својот прв сингл, откако Индира Левак си замина од бендот. Песната се вика „Que sera”, а за прв пат можевме да ја видиме Ивана како се снајде како пејачка во групата од овој состав.

Според реакцијата на обожавателите на Јутјуб, тие сметаат дека таа била фантастична.

Што мислите вие? Погледнете го спотот од групата, за песната „Que sera”

 

 

Инаку, Индира, сега започна соло кариера, а неодамна го направи и спотот за песната „2 лудаци”.

 

Scroll to Top