(ВИДЕО) Синот на Лепа Брена проговори за помирувањето меѓу Цеца и Карлеуша

Стефан Живојиновиќ, кој вплови во музичките води, вели дека би сакал да сними дует со две познати пејачки.

Синот на фолк ѕвездата Лепа Брена, вплови во музичките води. Тој сними спот за песната „Втора лига“, а наскоро ќе почне и да настапува. Самиот Стефан се радува на својата музичка кариера и истакнува дека обожава да пее.

„Јас тоа сакам да го работам. Знаме дека секогаш ќе бидам од оние кои критикуваат, но тоа го работам од срце, гледам да уживам максимално во тоа и го користам секој момент“, изјави Стефан Живојиновиќ во интервју за српски Телеграф.

 

Foto: Instagram/lepabrenaa

На прашањето, со кого радо би снимал дует, со Цеца или Карлеуша, Стефан имаше јасен одговор.

„И со едната и со другата. Двете се мегаѕвезди“, изјави синот на Брена.

 

Printskrin: Instagram/stefanzivojinovic

Стефан наведува дека тој никако не би можел да ги смири Цеца и Карлеуша, кои, да потсетиме веќе со години не зборуваат.

„Ха-ха-ха-ха. Ма не, тоа е невозможно“, искрен беше Живојиновиќ.

Погледнете и како изгледаше на снимањето на првиот спот за Стефан Живојиновиќ на следнит линк:

 

Scroll to Top