(ВИДЕО) Со години беше закопчана до грло и беше најсмирена на естрадата – Сега се соблече на брод

Пејачката Ивана Јордан, за српски Телеграф се разголи и покажа дека и таа има со што да се пофали.

Со години Ивана Јордан (40) важеше за една од најсмирените домашни пејачки, речиси секогаш била закопчана до грло, но тоа сега се промени, и Ивана низ насмевка вели дека и било доста да биде фина, и одлучи да се разголи на луксузниот брод и да ја покаже својата линија.

Иако сите мислеа дека е срамежлива, затоа што даде таков впечаток, Ивана Јордан на социјалните мрежи го покажа целосно новото лице, со што ги изненади многумина.

„Јас навистина сум срамежлива, така да не знам зошто имаат поинаков впечаток…“, изјави Ивана.

 

„Верувам дека во разни моменти од животот сите ние имаме некоја внатрешна енергија, некоја свежа и нова, која се раѓа и не препородува нас самите, па со самото тоа можеби емитуваме и нешто ново. Јас не можам да кажам дека сум поинаква, просто не мислам дека ни луѓето можат да бидат поинакви. Можеби можат да разбудат во себе си, некој дел кој бил успиен, а можеби и до тој некој момент, но не, не сум ни малку поинаква“, објасни пејачката.

Ивана сега добива многу комплименти бидејќи зрачи со сексипил, и енергија како никогаш претходно, а и самата признава дека комплиментите и годат, затоа што и самата обожава женственост.

„На почетокот од својата кариера, посакав луѓето сериозно да ме сватат, и целосно бев фокусирана на тоа. Се пресериозно сваќав… И веројатно по тие 10-15 години, тоа и го остварив, тоа го завршив, и сега оддеднаш се ослободив, дадов се од себе за да уживам“, заклучи таа.

Што уште изјави Ивана Јордан и како позираше на глисерот погледнете на следниот линк:

 

Scroll to Top