(Видео) Цеца раскажа за деновите поминати во затвор

Српската фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ во интервју за ТВ „Нови Пазар“ првпат јавно раскажа за еден од најтешките периоди во животот, убиството на Аркан и времето поминато во затвор.

„Сите знаат дека во 2000 година доживеав голема трагедија, останав сама со две деца и продолжив да се борам зашто не сум жена што запира пред проблемите. Кога сте мајка, не можете да си го дозволите тој луксуз да паднете во депресија, да ви се менува расположението и мора да црпите сила од сите сопствени ресурси за да опстанете. Не ми беше воопшто лесно. Не дај боже никому да се соочува со таква болка“, вели Цеца во интервјуто.

„Само што малку закрепнав, дојде нов тежок период што не можеше да ме заобиколи, случајот ‘Сабја’. Тоа ми е вториот пекол во животот, огромно јавно понижување и огромна болка. Четири месеци поминав во притвор, ама,за среќа, додека бев таму, не знаев што сè се пишува за мене. Јас решив да молчам зашто никој не го победил молчењето, а времето е најдобар адвокат“, вели Цеца.

Додека била притворена, во затворот ја посетил Расим Љаиќ, тогашниот министер за човекови и малцински права.

„Тој го посети централниот затвор, па покрај сите други затвореници, ме посети и мене. Ме праша човечки: ‘Цецо, можам ли нешто да направам за вас?’ Му реков: ‘Ми треба пинцета за средување на веѓите, не ми даваат’,“ раскажала Цеца додавајќи дека Љаиќ не можел да поверува во нејзината скромност. За него, вели Цеца, секогаш ќе има само пофални зборови.

Scroll to Top