(Видео) Зорица Брунцлик навредена посака да избега од прославата

Фолк-ѕвездата Зорица Брунцлик неодамна беше ангажирана да пее на свадба. Но, по она што ѝ се случи со едно пијано младо момче, таа посака веднаш да си замине.

Додека пеела, во толпата весели гости се појавило момчето кое мафтало со пари, барало пејачката да му испее некоја песна по желба, а кога таа не тргнала кон него да ги земе парите, тој се упатил кон неа. На крајот ја фатил за задникот, по што Зорица се навредила. Откако ја испеала песната разговарала со домаќинот, но на крајот, како вистински професионалец останала и ја завршила својата работа до крај.

Подолу можете да го погледнете видеото од инцидентот со момчето.

Scroll to Top