Владо Георгиев безобразен со репортерите

Поп-пејачот Владо Георгиев ги разочара фотографите се неумесното однесување. Кога пред извесно време заедно со сопругата Милица, која е бремена, се појавиле на премиерата на филмот Buks of knjige, репортерите почнале да ги фотографираат. Владо викал и се бунел, па дури се расправал и со еден од новинарите.

„Да сакав да се сликам со жена ми, ќе дојдевме на црвениот тепих. Немојте да ја сликате“, им порачал пејачот на репортерите.

По ова, следувале низа коментари дека на еден поп-пејач не му прилега вакво безобразно и недолично однесување.

 

Scroll to Top