Внукот на Миладин Шобиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија

Црна Гора синоќа одлучи како свој претставник на Евросонг, да го испрати пејачот Вање Радовановиќ. Вање на Евросон ќе настапи со песната „Иње“, а во Португалија ќе настапи за време на втората полуфинална ноќ.

Во сето ова младиот пејач доби поддршка и од својот вујко, чоекот кој, како што многумина во Црна Гора го нарекуваат, најзначајниот црногорски кант-автор. Станува збор за Миладин Шобиќ, чии песни ги знаат сите, но, малку кој ја знае неговата животна приказна.

Шобиќ стана познат на крајот на седумдесетите години, а како што се зборува, албумот го снимил за да може да си обезбеди пари за лечење на својата сестра Шехерезада, која, и покрај големата борба, набрзо потоа умира. Песните кои Шобиќ ги снимил тогаш станаа и останаа големи хитови, но тој настан стави точка на неговата кариера.

Овој музичар тогаш се повлече во себе и веќе повеќе од 30 години не говори за медиумите, иако многу љубезно говори со оние кои во нив работат, но со молба никогаш ниту една буква од кажаното да објават.

Во јавноста кружат приказни дека Миладин починал, дека исчезнал без трага, дека чува овци на некоја планина, дека се замонашил. И покрај приказните за неговото враќање, тој никогаш не и се врати на музиката, па албумот „Барутана љубов“, остана необјавен.

На крајот на 2013 година, Шобиќ доживеал мозочен удар, по што бил опериран, а по многу години во јавноста се појави во јули 2016 година, кога во Подгорица после покренатата петиција, му била доделена Тринаестојулска награда.

Миладин Шобиќ денеска има 62 години.

Некои од неговите најголеми хитови се „Од друга до друга“, „Стари весници“, „Не се обидувај да ме промениш“ и други.

Како што се зборува меѓу блиските луѓе на Шобиќ, тој живее повлечено во Никшиќ, во улица Џура Салаја. Понекогаш луѓето можат да го видат како шета низ градот, а едно време бил забележан и како џогира, а знаел да посети и некоја кафана. Особено ако тука свири неговата сестра Вања Радвановиќ.

Извори блиски до култниот кант-автор, велат дека имал и неколку идеи за некои нови изданија, проекти, но ништо од тоа не е реализирано. Затоа што не биле стекнати услови. Какви услови, конкретно останува нејасно.

 

 

 

Scroll to Top