Водителката Ана Михајловски оперирана од тумор на градите

Српската водителка Ана Михајловски, нам позната како водителка на емисијата „Летечки старт“ и на музичкото шоу „Х-фактор“, пред десетина дена била оперирана од тумор на градите.

Таа веднаш посетила лекар кога почувствувала израсток помеѓу градите и пазувите, а онкологот ѝ предложил итна операција. Пред десетина дена ткивото е отстрането, а водителката се опоравува по хируршкиот зафат.

„Можам само да кажам дека на Клиниката за онкологија во Белград работат најдобри и најпрекрасни луѓе, лекари кои спасуваат живото со толкава страси и насмевка, што не можам да опишам колку сум среќна што завршив во нивни раце“, рече Ама Михајловски по операцијата.

Scroll to Top