Војин Четковиќ проговори за бракот

Српскиот актер Војин Четковиќ во едно скорешно интервју проговори за бракот со актерката Слобода Миќаловиќ – Четковиќ. Тој и Слобода ги имаат седумгодишните близначки Вера и Мила.

„Нашиот брак е како и секој друг брак. Колку имаме повеќе заеднички теми толку се поголеми шансите да опстоиме. Се трудиме да пронајдеме време за себе бидејќи актерскиот живот е брз. Најважно е да го прифатиме фактот дека тоа е нашиот живот и дека не треба да бараме да бидеме поинакви луѓе, да живееме на сила некој друг живот“, рекол актерот признавајќи дека и во нивниот брак не е сè розово.

„Имаме проблеми, но не мислам дека тие се помали или поголеми од проблемите на другите двојки“, додал Војин.

Scroll to Top