Запалена инсталација го прекина настапот на Карлеуша

Српската фолк-пејачка Јелена Карлеуша вчеравечер настапуваше во клуб во Луксембург. Иако концертот поминал одлично, зад сцената работите се искомплицирале поради лошата инсталација, која, според Карлеуша, им ја изгорела опремата.

„Кога луѓето поради тебе стојат во ред доцна во ноќта, на стравичен студ, знаеш дека работиш нешто многу добро. Ви благодарам. Синоќа гореше! П.С. Буквално сè ни изгоре на сцената поради лошата инсталација, но некако ја завршивме работата“, напиша Карлеуша на „Твитер“ по настапот.

Настапот на пејачката во еден момент бил прекинат, но организаторите успеале да го отстранат проблемот, па концертот продожил.

Scroll to Top