Заради борбата со ракот, Оливер Драгојевиќ ги откажа сите концерти

Познатиот хрватски музичар  мораше да ги откаже настапите пред сплитската публика, кои беа закажани за следната недела.

„Оливер Драгојевиќ мораше поради здравствени причини да ги откаже сплитските концерти, на кои им се радуваше. Оливер, како што е запонзата јавноста, веќе со месеци се бори со тешка болест“, пишува во соопштението на неговата издавачка куќа.

Концертите беа по повод неговиот 70. Роденден.

Концертите под наслов „Оливеровите 70“ во Загребската филхармонија, кои се планирани за 15 и 16 декември и во слпитска Спаладиум арена, откажани се до завршување на лекувањето.

„На Оливер му е тешко што мора да ја разочара публиката, но веруваме во позитивен исход и нови концерти“, соопштено е од неговиот тим.

Scroll to Top