Жељко Бебек го промовираше албумот „Оно нешто наше“

Жељко Бебек во Блеград го промовираше албумот „Оно нешто наше“. Станува збор за дискографски проект кој се најавува подолго време, а беше навестен со песната  „Првак света“, промовирана на ЦМЦ фестивалот во Водици во 2015 година. На албумот има девет песни. Продуцент на плочата е Бранимир Михаљевиќ, кој воедно е и автор на повеќето песни.

„Трите сингла коишто настанаа пред самото излегување на албумот и реакцијата на публиката на нив ми беа доволен знак дека дошло време за нов албум, а од последниот поминаа пет години. Влегов во студио и со Бранимир ги снимив песните, што, пак, ги пеев уживајќи. И од моментот кога завршивме со снимањето, нестрпливо го чекавме денот кога и физички ќе го држиме в раце“, изјави Бебек.

Тој додаде дека гостин на албумот е Оливер Драгојевиќ.

Scroll to Top