Жељко Јоксимовиќ доби ќерки близначки

Српската ѕвезда, пејачот Жељко Јоксимовиќ стана татко. Неговата сопруга Јована денеска по полноќ се породи со близначките Ана и Срна. Радосната вест Јоксимовиќ ја сподели на „Твитер“. „Светот од денес е побогат за уште две прекрасни девојчиња. Ана и Срна. Добро ни дојдовте драги принцези”, напишал познатиот пејач и кантавтор.

Јована и Жељко го имаат синот Коста, кој има три и пол години, а од првиот брак Жељко ја има и ќерката Мина, која е веќе возрасна и студира музика.

Scroll to Top