Жељко Самарџиќ проговори за „неверството“

Жељко Самарџиќ 40 години е во брак со сопругата Маја, со која има три ќерки. Тој сега проговори за деталите за односот со неговата сопруга, која не сака премногу да ја истакнува во јавност.

„Неодамна изјавив дека за овие четири децении заеднички живот имавме голем број бури и неверства сметајќи дека симболиката на зборот неверство ќе биде сфатена затоа што во дадениот контекст се однесуваше на невреме во море. Но, таа моја изјава е сфатена буквално и пренесена како признание дека сум ѝ бил неверен на сопругата. Истовремено, ми беше и смешно и тажно“, ја започна приказната Жељко Самарџиќ.

„Во иднина ќе се изразувам малку посликовито. Се разбира дека не ни цветаа ружи и дека животот воопшто не ни беше како во бајка, но по сѐ, куќата ни е полна со деца, љубов и благослов на кој никој не може да остане рамнодушен“, додал музичарот.

„Сето тоа е резултат на нашата љубов, разбирање и почит, почнувајќи од првиот ден, кога како млади бевме заљубени до уши. Тогаш едниот на другиот гласно си рековме „да“, вели Жељко Самарџиќ.

Scroll to Top