Жика Шареница со најскап медиумски трансфер во Србија

Популарниот српски водител Жика Николиќ веќе не ја води емисијата „Шареница“ по која беше познат на поранешните југословенски простори. Тој си замина од Радио телевизија Србија и потпиша договор за телевизија Пинк. Во српските медиуми се шпекулира дека Жика од сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, добил понуда од 200.000 евра или стан и автомобил, по негов избор.

Жика не го продолжи договорот во РТС, а вчера, по 13 години, емисијата доби двајца нови водители, Ана Бабиќ и Слободан Шаренац. Емисијата има и ново мото: „Шареница, повеќе од име“.

Новата емисија на Николиќ на ТВ Пинк ќе почне да се емитува наскоро, а според најавите, ќе има сличен формат како „Шареница“ со која Жика постигна огромен успех.

Scroll to Top