Знаеш ли како се станува шампион?

Филмот „Небесна јадица“ снимен во 2000 година до ден денешен сите со уживање го гледаме, а цитатот на Небојша Глоговац многумина го изговараат во секојдневниот живот, и тоа во најтешките ситуации.

Се работи за прочуената сцена кога Небојша, во филмот Каја, на својот син Јован му вели:

„Знаеш ли ти како се станува вистински шампион? Така што ќе излезеш на теренот кога е најтешко и ќе победиш!“

Филмот беше српски кандидат за Оскар за најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје во 2000 година.

Небојша Глоговац почина денеска на 9 февруари на 49-годишна возраст. 

 

Scroll to Top