Зоран Марјановиќ признал: Ја убив Јелена

Полициски инспектор вели дека има аудио снимка на која Зоран, сопругот на пејачката Јелена Марјановиќ му рекол дека тој ја убил. Полицаецот успешно одглумил уапсен криминалец, стекнал доверба кај Зоран и тој во еден момент му признал и во детали му раскажал како ја убил пејачката.

Српските медиуми пишуваат дека полицаецот бил во иста затворска ќелија со Зоран, дека бил озвучен и дека исказот на Зоран е снимен, но дека сепак не може да се користи како доказ во постапката против Зоран. Обвинителството ја одбило снимката како доказ, велејќи дека признанието не е стекнато законски.

Зоран Марјановиќ е првоосомничен за убиство на сопругата Јелена Марјановиќ, но полицијата и понатаму не го затвора случајот на убиената пејачка.

Scroll to Top