Анабела е гостинка на концертот на Аца Лукас во Скопје

Во сабота, во Вип Арената Борис Трајковски, предновогодишен концерт ќе одржи Аца Лукас. Концертот е најавен како луда журка за сите, а се вели и дека спектакуларната бина и продукција ќе бидат само дел од многубројните изненадувања за фановите на Аца Лукас.

Организаторите открија дека специјален гостин на концертот,  се српсклата пејачка  Анабела, за која Лукас вели дека е вистинскиот избор за  незаборавна ноќ.  Влезниците во продажба по промотивна цена од 400 денари само до денес (20. декември) , а може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон, цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Scroll to Top